Министерството за финансии: Државниот долг намален за 93,3, а јавниот за 62,7 милиони евра

Bez autora
Feb 02 2015

Државниот долг во четвртиот квартал од 2014 година е намален за 93,3 милиони евра, а јавниот долг за 62,7 милиони евра. Согласно податоците кои денеска ги објави Министерството за финансии државниот долг изнесува 3.262,5 милиони евра, што претставува 38,1 отсто од БДП, или споредено со претходниот квартал претставува намалување за 1,1 процентен поен. Јавниот долг на 31.12.2014 година изнесува 3.921,3 милиони евра, што е 45,8 отсто од БДП, и споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,7 процентни поени. Како што информираат од Министерството за финансии, намалувањето на долгот се должи на намалување на задолжувањето преку државни хартии од вредност за 74,1 милиони евра и отплата на обврски по основ на надворешен долг во износ од 88,9 милиони евра.

Министерството за финансии: Државниот долг намален за 93,3, а јавниот за 62,7 милиони евраДржавниот долг во четвртиот квартал од 2014 година е намален за 93,3 милиони евра, а јавниот долг за 62,7 милиони евра.

Согласно податоците кои денеска ги објави Министерството за финансии државниот долг изнесува 3.262,5 милиони евра, што претставува 38,1 отсто од БДП, или споредено со претходниот квартал претставува намалување за 1,1 процентен поен.

Јавниот долг на 31.12.2014 година изнесува 3.921,3 милиони евра, што е 45,8 отсто од БДП, и споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,7 процентни поени.

Како што информираат од Министерството за финансии, намалувањето на долгот се должи на намалување на задолжувањето преку државни хартии од вредност за 74,1 милиони евра и отплата на обврски по основ на надворешен долг во износ од 88,9 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik